Производители
Р.Словенија
Р.Хрватска
Р.Македонија
 
Следете не на Facebook

Начин на плаќање
  • На 12 рати без камата
  • Кредитна / дебитна картичка

    credit_card
  • Фактура
 
Контакт
  • info@slovenijales.mk
  • тел/фах:  +389 (0)46 782 640
    моб:  +389 (0)70 212 423
       +389 (0)70 347 095
  • Адреса:
    нас. Езерски Лозја бб
    Струга, Македонија
  • сподели на:

За Нас

Словенијалес е фирма која се занимава со продажба на мебел и покуќнина од најреномираните производители на мебел во Словенија и Хрватска. Тоа се производители кои покрај долгогодишната традиција и искуство во производство на мебел, будно ги пратат новите трендови во таа област, како во однос на новите линии на модели, така и во однос на материјалите кои ги вградуваат во своите производи.

Сите материјали од кои се изработуваат производите застапени во нашиот продажен асортиман, се со извршени проверки, контроли и атести.

Поради тоа, производите на овие фирми се високо квалитетни и се носители на многу домашни и меѓународни признанија, дипломи и цертификати.

Посебна важност се придава на исполнувањето на еко стандардите и поради тоа, велиме, дека со нашите производи покрај, удобноста и квалитетот, добивате и ЗДРАВЈЕ.

На македонскиот пазар, односно Струга, сме присутни во континуитет од 35 години во кој период, минувајќи низ неколку фази и реорганизации, се потврдивме како сериозна фирма и стекнавме голема доверба како кај нашите купувачи во Македонија, исто така и кај нашите добавувачи од странство.

Од 2003 година сме сместени во нов современ салон, од 1200 м2, а од 2013 проширен над 3000 м2, кој се наоѓа на потег меѓу Струга и Охрид, на меѓународниот пат за Албанија.

Приоритет во нашето работење е задоволниот купувач.

За таа цел нашите купувачи, покрај врвниот квалитет и дизајн на нашиот мебел, добиваат бесплатен превоз и монтажа и обезбеден сервис во гарантен период од 1 до 5 години.

Работно време од понеделник до петок од 09:00 до 20:30. и сабота од 09:00. до 16:00.